Случувања

Семејството на Квејден одби донации од 700.000 долари: Попрво би ги дале парите во хуманитарни цели отколку тој да оди во Дизниленд

Семејството на малтретираното момчето со џуџест раст од Австралија, Квејден Бејлс, чија снимка за малтретирањето го обиколи светот, го одби патувањето во Дизниленд и ветиле дека 700.000 долари собрани за детето ќе ги дадат во хуманитарни цели, пишува „Дејли мејл“.

Видеото посветено на булингот кој го проживува во училиштето покренало кампања за патување на Квејден во Дизниленд.

Деветгодишното момче со џуџест раст стана глобална ѕвезда откако неговата мајка ја започна кампањата против малтретирањето.

Сѐ започна со едно вирално видео во кое момчето зборува дека сака да се самоубие откако било матретирано во училиште.

Отворена е и страница на GoFundMe со цел да се соберат пари, за момчето да може да го посети Дизниленд.

Повеќе од 20.000 донатори од целиот свет собраа неверојатна сума од 723.000 долари.

Меѓутоа, во четвртокот попладне неговото семејство ги изненади обожавателите кога го одби патувањето, велејќи дека повеќе би сакале парите да ги дадат во хуманитарни цели за да се продолжи борбата против малтретирањето и самоубиствата.

Прочитајте и...  Жена тврди дека забременила гледајќи порно филм, а сопругот ѝ верува

Поради тоа се рекле дека парите ќе ги проследат во шест хуманитарни фондации каде се попотребни, а како две најважни ги истакнуваат „Свеста за џуџест раст“ и „Фондација за излекување на Балун“. Веруваат дека на тој начин заедницата повеќе ќе профитира, а секоја организација ќе прими по околу 66.000 долари.

-Сакаме парите да одат во организациите на кои навистина им се потребни. Тие ќе знаат на што да ги потрошат парите. Колку само самоубиства се случиле во нашето општество поради малтретирањето – рекла тетката на момчето, Мунданара.

Парите се само мал дел на помош и поддршка што ги доби момчето. Па така медиумите пренесуваат дека ова момче доби нова фризура во најпознатиот салон и гардероба од австралиски бренд.

Семејството на момчето е во контакт со Бред Вилијамс, американски актер со џуџест раст кој ја покренал кампањата за Квејден.

Најпопуларно

To Top