Филм & ТВ

Серијата „Игра на тронови“ добива продолжение

Американските медиуми вчера ексклузивно ја објавија веста за снимањето на продолжението на серијата „Игра на тронови“, чие име ќе биде „Куќа на змејот“. Според потврдените информации, продуцентската компанија HBO нарачала уште една сезона од десет епизоди.

Како што ексклузивно објави „Entertainment Weekl“, потрагата по актери за новата серија официјално започнала вчера. Заплетот опфаќа период од 150 години, а се одвива скоро 300 години од периодот што го видовме во првата серија. Главниот настан треба да биде големата граѓанска војна што скоро го уништи Вестерос.

Автори на новата серија се Рајан Кондал, познат по сериите „Колонија“ и Мигел Сапочник, режисерот на епизодите на оригиналните „Борба на копилињата“ и „Зимски ветрови“. Сапочник ќе ја режира и пилот-епизодата.

„EW“ известува дека премиерата на серијата „Куќа на змејот“ е планирана за 2022 година, кога пандемијата на коронавирус, сите се надеваат, ќе биде само грдо сеќавање. Според сегашните информации, првиот клапа треба да се случи на почетокот на следната година во Велика Британија и Шпанија.

Прочитајте и...  Лоша вест за фановите на „Симпсонови“

Најпопуларно

To Top