in

Северна Кореја: Ким Јонг Ун е во животна опасност по операција на срцето?

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун веќе некое време не е виден во јавноста, а сега се појавија информации дека е во критична состојба поради компликации настанати по кардиоваскуларната операција.

Белата куќа одбила да ги коментира наводите на “CNN” кои тој ги објавил, цитирајќи еден американски службеник дека Ким е во животна опасност по операцијата. 

Медиумите во Северна Кореја известиле на 11 април дека Ким учествувал на состанокот на Работничката партија на Кореја, а следниот ден посетил една касарна. Меѓутоа, тие не навеле кога се случило тоа.

Гласините започнале да кружат откако лидерот не се појавил на роденденската прослава на својот дедо Ким Ил Сунг, кој е воедно и најважниот државен празник.

Канг Мин-сеок, портпарол на администрацијата на претседателот на Јужна Кореја, изјавил дека не може да ги потврди шпекулациите за здравјето на лидерот и дека ништо необично не се случува во Северна Кореја.

Јужнокорејскиот онлајн весник “Daily NK” фокусиран на случувањата во Северна Кореја објавил дека Ким Јонг Ун бил подложен на еден вид кардиоваскуларен зафат на 12 април, како последица од пушењето цигари, дебелината и преголемото работење.

Прочитајте и...  Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло во страв од коронавирус: Не се чувствуваме добро, мораме да се однесуваме посовесно! (ВИДЕО)

Иако “CNN” не може да ги потврди овие информации, неофицијалниот извор наведува дека севернокорејскиот лидер закрепнува во вила во Хијангсан под лекарски надзор.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, особено оние кои се поврзани со Ким Јонг Ун, кого го третираат речиси како божество, наведува “CNN”. Според оцените на аналитичарите, тешко е да се процени дали овие информации за неговото здравје се вистинити.

Извор: tocka.com.mk

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote