Здравје

Шарена диета: За само 4 дена ќе имате 2 килограми помалку

Диетите што не даваат долготрајни резултати најчесто се засноваат на изгладнување. Од друга страна пак, не е добро ни да се вложува премногу време и пари за нешто што не води кон видливи резултати, а понекогаш дури и предизвикува дополнително зголемување на тежината.

a6ccff50adf54f67dd14b738837d1ef3

За жал многу од овие диети сè уште се користат од страна на голем број жени што сакаат брзо да ослабат и да ја добијат посакуваната фигура.

Па, ако се пронаоѓате во тој опис, имаме изненадување за вас – најдовме брза диета што нема несакани последици и штета на вашето здравје. Станува збор за умерен и шарен режим на исхрана. Во продолжение прочитајте како со помош на боите можете да дојдете до совршено балансирана исхрана што ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми.

Бел ден

Појадок: Фрапе од 200 милилитри немасно млеко и две банани

Ужина: Банана

Ручек: Крем супа од печурки, пилешко филе подготвено на скара и парче интегрален леб

Прочитајте и...  Спаѓа во групата на најздрава храна - Лековитите својства на лукот

Вечера: Тестенини со сирење

Жолт ден

Појадок: Фрапе од 200 милилитри соино млеко и парче диња

Ужина: Грејпфрут

Ручек: Крем супа од тиква и рижото со телешко месо

Вечера: Омлет со жолта пиперка

Зелен ден

Појадок: Парче леб од ‘рж, паштета од туна и шолја зелен чај

Ужина: Зелено јаболко

Ручек: Чорба од брокули и парче леб од ‘рж

Вечера: Две шницли бело пилешко месо, подготвени на скара и зелена салата

Црвен ден

Појадок: Фрапе од 200 милилитри млеко и 250 грама малини (може и замрзнати)

Ужина: Шумско овошје

Ручек: Две полнети црвени пиперки, парче интегрален леб и салата од домати

Вечера: Тестенини прелиени со сос од домати и пармезан, шолја чај од хибискус.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top