Македонија

Шеесет средношколци учеа програмирање на ФЕИТ

Вчера –  13.12.2019 од 12:00 часот, на Факултетот за електротехника и информациски тeхнологии се одржа традиционалниот и меѓународен настан “Hour of Code” кој долги години се организира на Факултетот. Иницијативата за организацијата на настанот и оваа година потекна од студентите, преку Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, но и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство, со основна цел доближување на програмирањето до младите генерации.

 Настанот овозможи едночасовен вовед во компјутерскиот свет и програмирањето, осмислен од code.org, со цел да го демистифицира “кодирањето”, покажувајќи дека секој може да ги научи основите и да го  прошири своето знаење за компјутерите и компјутерскиот свет. Учeсниците на настанот имаа прилика да дознаат нешто повеќе за компјутерските науки и за програмирањето како дел од компјутерските науки и инженерството, а со цел да се поттикнат да започнат да учат да програмираат и можеби да се насочат кон оваа гранка и во своите професионални определби.

Прочитајте и...  Македонија – трета најдобра туристичка дестинација за 2020

Оваа година во настанот учествуваа  девет средни училишта од Македонија (Скопје, Куманово, Велес и Штип) со околу 60-тина ученици кои се запознаа со основите на програмирањето, како и со неколку области од компјутерското инженерство кое се негува на ФЕИТ презентирани од студенти на неколку студиски програми на ФЕИТ. Настано, исто така претставуваше можност средношколците и студентите од ФЕИТ да се запознаат, дружат и разменат искуства во однос на нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање.

Најпопуларно

To Top