in

Шефицата ненамерно се претворила во компир за време на онлајн состанок и не знае како да го исклучи филтерот

Лизет Окампо имала важен онлајн состанок со нејзините вработени кога ненамерно притиснала нешто на грешка и си ја претворила главата во компир. Изгледа, нејзината трансформација се должи на Снепчет филтер, но тоа не е најсмешниот дел.

Лизет немала појма како да го исклучи филтерот додека зборувала со нејзините вработени и останала така целиот состанок. Една од нејзините вработени го споделила комичниот настан на Твитер.

Рејч вели дека нејзината шефица се претворила во компир за време на состанокот за Микрософт тимовите и не знаела како да го исклучи филтерот, па заглавила со глава компир преку целиот состанок. Нејзиниот пост набрзо станал вирален.

За среќа, шефицата на Рејч има добра смисла за хумор и не го сфатила тоа како навреда.

Исто така Рејч додала дека добрата вест е што нема да биде отпуштена поради тоа што ја споделила компир- главата на нејзината шефица со целиот свет.

Прочитајте и...  Џерет Небула- вонземјанин без определен пол

Лизет дури продолжила да се шегува и го ретвитнала постот на Рејч додавајќи смешен коментар: „Јас сум компир шеф. Треба да ме видите со круна, нели @billieeilish? Мило ми е што ги засмевам луѓето цело време. Ве молам останете засадени дома и сигурни!“

Првичниот твит веќе има преку 200 илјади споделувања и илјадници лајкови. Некои корисници на Твитер дури биле љубопитни како да го направат истото за нивниот следен состанок.

Рејч објаснила дека се работи за Снепчет филтер за Микрософт повици, но дека нејзината шефица не успеала да го исклучи во текот на целиот состанок.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote