in ,

Шенон Доерти: Ракот се врати, сега е во четврти стадиум

Актерката Шенон Доерти во интервју за ABC News што се емитуваше утрово, откри дека повторно боледува од рак на дојка.

Доерти (47) беше во ремисија од 2017 година, но болеста сега се вратила и е во четврти стадиум.

„Ракот се врати, затоа сум тука. Мислам дека уште ја немам процесирано информацијата. Ќе ми биде тешко да се соочам со ова“, рече актерката која се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата Beverly Hills 90210 во 90-тите, а подоцна играше и во Charmed.

Актерката во 2015 година откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка и таа јавно го сподели нејзиното искуство со обожавателите и е гласен активист во борбата против оваа подмолна болест.

„Дефинитивно има денови кога се прашувам ‘Зошто јас?’“, рече Доерти по откривањето дека болеста се вратила.

Прочитајте и...  На Гренланд стопени две милијарди тони мраз за само еден ден

„А потоа си викам ‘Зошто не јас?’ Зарем има некој кој го заслужува ова?“

На почетокот сакала да не ја открива веста со јавноста, особено поради смртта на колегата од Beverly Hills 90210 Лук Пери кој почина во март, 2019 година. Исто така, бидејќи почнала да работи на римејкот на серијата.

„Сакав да си докажам, до некаде, дека и во четврти стадиум од болеста можам да работам. Животот не завршува кога ќе добиете дијагноза. Имам уште за живеење“, рече Доерти.

https://www.instagram.com/p/B8Jmd15hQG7/
https://www.instagram.com/p/BN96e9mjj-P/?utm_source=ig_embed

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote