Случувања

Шерон Стоун: „Да, јас стареам, но уживам во тој процес.“

Да, јас стареам. Но уживам во тој процес.

Во првата половина на животот твоето лице е она со кое си роден. Во втората половина е она кое го заслужуваш.

Интересно, но не сфатив дека сум привлечна додека не ги изгледав „Ниски страсти“.

Можете да се проколнувате себе си за се што сте правеле во првата половина во животот, но тоа не значи дека во втората половина треба само да играте голф и да не правите ништо.

Не сакам да ги маскирам своите години. Само сакам да бидам жена која за своите години изгледа толку добро колку што е тоа можно.

Кога имав 40 години, се заклучив во бањата со шише вино и си реков: „Нема да излезеш надвор додека не се прифатиш онаква каква што си.“

Немав среќа со најважните работи во мојот живот. Немав среќа со здравјето, немав среќа ни со бракот, но работите ги зедов во свои раце и одлучив да живеам и понатаму.

Прочитајте и...  Со години се криеја од Том Круз: Се разделија Кејти Холмс и Џејми Фокс

Ми се допаѓа што стареам спокојно. Тоа и беше мојата цел. Во 2001 година имав тежок мозочен удар, така што добро ми е позната алтернативата на мирно стареење. Крвта ми протекуваше низ мозокот 9 дена. Процентот на преживеани по тоа што јас го преживеав е многу мал, но јас некако успеав. После изливот две години учев повторно да одам, зборувам и да читам. После сето тоа секој разговор за брчките ми е смешен.

Како што Винстон Черчил рекол, ако морате да одите низ пеколот, одете што е можно побрзо.

На земјата никогаш нема да владее потполен мир и спокојство, но тие можат да постојат во вашата глава.

Во САД живеат 400 илјади вештачко обоени русокоси со идентичен нос, идентични гигантски усни, црвени образи, и снежни заби. Дали некој мисли дека се привлечни?

Ава Гарднер била најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш, ништо не променила на себе. Изгледала како жена и никогаш не пробувала да изгледа како девојка.

Прочитајте и...  Прегратки, бакнежи и емоции: Шакира и Пике се најзаљубениот славен пар (ФОТО)

Кога гледаш како твоите деца растат и созреваат, дознаваш повеќе за животот и за себе.

Со 58 години, сфатив дека убавината доаѓа од внатре. За да бидеш убав, треба да го правиш тоа што ти сакаш да го правиш и да го правиш тоа секој ден. Јас сега сакам да танцувам, па танцувам додека можам.

Најпопуларно


To Top