Македонија

Шимпанзото Коко по 10 години го позна својот чувар Драган

Шимпанзото Коко, кое пред 10 години беше испратено на рехабилитација во Холандија, деновиве се врати во својот дом во Скопје. Таму, го пречека неговиот стар другар, Драган, кого Коко веднаш го препозна.

koko 960x543 640x362

Емотивен момент. 10 години подоцна се сретнаа двајцата верни другари. Тогаш, Драган беше еден од луѓето кои инсистираа Коко да замине на ресоцијализација, иако силно приврзан за него. Денес, Коко веднаш го препозна Драган. Се израдува како мало дете. Додуша и двајцата се израдуваа. Ние плачевме. Навистина е многу емотивно кога ќе видиш колку животните знаат да дадат љубов и ги памтат оние кои ги сакале, пренесе портпаролот на скопската ЗОО, Тина Мицковска.

Со Коко од Холандија пристигнаа и Мими, Роси и Хјасл.

ЗОО Скопје: Коко е повторно дома

Прочитајте и...  „Запознај ја Преспа" – Промоција на традицијата, храната и културата во Преспа
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top