Македонија

Шимпанзото Коко во четврток ќе стигне во Скопје излечен од депресија

После многу години престој во најдоброто светско прифатилиште за примати и други егзотични животни-AAP Stiching, четирите шимпанза кои наскоро се очекува да пристигнат во Зоолошката градина во Скопје, денеска ги имаа последните прегледи од ветеринарниот тим пред тргнувањето кон нивниот нов дом во Скопје ЗОО.

koko

Раководството на скопската зоолошка градина информира дека нивните нови Зоо негуватели, кои ќе ги чуваат во Скопје поминале низа обуки во Холандија, па така нашиот Коко, Мими, Роси и Хјасл во зоолошка ги очекува уредно и убаво уреден двокатен дом кој се простира на голема површина, како и надворешен дел исполнет со реквизити. Четворицата другари ќе патуваат до Скопје со пропратни одмори, а со нив пристигнува и стручен тим од Холандија.

koko 1

Инаку Коко, пред 10 години на барање на скопската зоолошка и дел македонски новинари, беше однесен во AAP на ресоцијализација, поради тоа што во Скопје беше осамен и единствено шимпанзо, плус во тинејџерски години кога секој сака друштво. Ова беше причина да почне да покажува знаци на анксиозност и веднаш беше прифатен од овие хумани луѓе, кои имаат помогнато на илјадници животни во текот на постоењето на организацијата. Сега Коко, заедно со група на пријатели со кои одлично се сложуваат, доаѓа повторно во Скопје, но овојпат во услови за какви се залагаат организациите и здруженијата за заштита на животните, додаваат од зоолошката градина.

Прочитајте и...  Црквата спротивно на препораките -повикува на Литургија против вируси и епидемија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top