МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Животни приказни

ШОКАНТНО: 7 годишно девојче со хемиски изгореници предизвикани од привремена тетоважа

Тетоважите можеби изгледаат добро на некои, па затоа луѓето понекогаш пробуваат да направат привремена тетоважа. Овие тетоважи не доаѓаат со живото-загрозувачки несакани ефекти и може да се отстранат за неколку дена.

7 year old girl is suffering chemical burns from temporary tattoos 650x340

Седумгодишната Медисон Гуливер имала поинакво искуство.

Семејството Гуливер биле на одмор во Египет. Одморот не одел по планот, бидејќи мајката, Силвија, поминала два дена во болница каде што се лечела од инфекција на уринарниот тракт. Па таткото одлучил децата да ги почасти со тетоважи направени од црна к’на.

Себастијан ја измил тетоважата веднаш, бидејќи го чешала. Медисон се жалела исто така, но нејзината состојба била многу полоша. Подлактицата и била прекриена со меури, и морало да ја однесат во брзата помош.

Таткото споделил детали од ужасното искуство, потсетувајќи дека уметниците во холот на хотелот рекле дека к’ната им била перфектна. Но тогаш од каде излегле меурите?

Откако ја провериле pH вредноста во плускавците на раката на Медисон, докторите откриле дека таа имала хемиски изгореници. Една од состојките во црната боја е многу опасна, и сите треба да се свесни за тоа. парафениленедиамин.

На парафениленедиамин му треба кислород за да стане боја. Истражување од 2012 објавено во списанието за Медицински Науки наведува дека оваа состојка може да доведе до голем број на компликации.

7 year old girl is suffering chemical burns from temporary tattoos1 650x389

Состојката се додава во темно обоени козметики, привремени тетоважи од к’на, боја за печатач, црна гума, масла и мазива за возила и бензини.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најпопуларно

To Top
Close