Дежурната противпожарна екипа синока речиси цела нок барала жена покрај  Брегалница  во делот од улицата Балканска па до Ново Село. Нив на нозе ги кренал повик од  силно вознемирена ќерка.

 Како што ќерката објаснила,  непосредно по излегувањето  таа за момент се вратила до  дома  но кога  се вратила мајка и ја немало. Откако не се јавувала ниту на телефон ниту на повици, таа за помош се обратила на пожарникарите кои  споментат релација на штипскаат пешачка патека ја пребарувале од 10.30 па се до речиси 3 часот наутро.

„Синоќа околу 22.15 часот имавме дојава од граѓанин дека на потегот од населба Балканска , по пешачката патека до Ново село,   до реката Б регалница, е изгубена женска личност. Веднаш на терен е излезено едно возило и тројца пожарникари. Детално колегите ја барале на спомната делница, но не ја нашле. Се вратиле во базата по 02.00 часот, кога и добиле дојава дека изгубената личност се вратила во својот дом“, изјави Тони Атанасов –рак. на ТППЕ –Штип

Прочитајте и...  Жена влетала во полиција тврдејќи дека ја прогонува вампир

Во мегувреме, за потрагата била известена и полицијата  но барањето се покажало безуспешно.

Откако екипите барањето го одложиле за денес, истата противпожарна екипа добила повик дека жената  од сосема друг правец се појавила дома. Каде била и зошто се одлучила  целото семејство да го вознемири а противпожараната екипа да ја  држи на нозе цела нок  е неизвесно.  Крајот, во секо случај е со срекен  за сите.

Извор: ТВ Стар

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за