Астрологија

Што кажува вашиот подзнак за вас?

Вашиот подзнак понекогаш е побитен и посилен од самиот хороскопскиот знак, бидејќи тој одредува на кој начин ве гледаат луѓето. Поточно, подзнакот не’ претставува какви сакаме да се прикажеме, односно, го претставува карактерот, темпераментот, способностите итн. Се нарекува уште и асцендент, а го претставува првото поле, според кое се одредуваат и другите единаесет.

1550053984 Love horoscope Valentines Day
1550053984 Love horoscope Valentines Day

Овен – Исклучително сте атрактивни и темпераментни, и луѓето ве ценат поради вашата искреност. Имате големо срце, сепак, понекогаш можете да бидете себични. Сакате весели и комуникативни луѓе. Секогаш сте во движење и имате многу идеи.

Бик – Мирни сте и добродушни, трпеливи, упорни и одлучни. Внимателни сте и исклучително шармантни, а луѓето ве сакаат поради вашата добронамерност. Ја сакате храната, музиката, уметноста.

Близнаци – Имате весела природа. Имате многу познаници, љубопитни сте, интелигентни, а најмногу ја мразите монотонијата и здодевноста. Понекогаш знаете да бидете површни и несигурни.

Рак – Сакате да се грижите за другите, нежни сте и чувствителни. Домот и семејството ви се многу битни. Понекогаш сте срамежливи и не сакате да се истакнувате. Ги сакате децата и животните, а во љубовните врски сте верни и несебични.

Прочитајте и...  Секој хороскопски знак има чудни карактеристики, ова се вашите

Лав – Сигурни сте во себе и сакате да бидете во центарот на вниманието. Горделиви сте и суетни и лесно можат да ве навредат. Екстремно сте дарежливи, храбри, а со вашите проблеми сте подготвени да се соочите.

Девица – Срамежливи, ненаметливи и повлечени. Не се отворате лесно пред другите луѓе, бидејќи сте скептични и претпазливи. Исклучително сте интелигентни, духовити и интересни, педантни, а понекогаш и хипохондрици.

Вага – Весели, насмеани луѓе со голем број на пријатели, шармантни сте, комуникативни. Мирни сте и интересни, но понекогаш знаете да бидете малку мрзливи, површни и нерешителни.

Шкорпија – Интензивни и интелигентни, харизматични и остроумни. Не зборувате многу, сепак тоа што го кажувате е секогаш точно. Искрени сте и директни, сакате црн хумор и сарказам. Отворено ги искажувате вашите мислења и ставови.

Стрелец – Имате многу интереси и хобија. Љубопитни сте и отворени за нови искуства. Луѓето ве сакаат затоа што сте добродушни и сакате да помагате. Имате интерес за религија, филозофија и други култури. Сакате да патувате и да стекнувате нови искуства.

Прочитајте и...  Кои се најпривлечните хороскопски знаци и што ги прави толку неодоливи?

Јарец – Претпазливи сте и скептични. Во суштина сте срамежливи и имате недостаток на самодоверба. Сериозни сте и одговорни, амбициозни, сакате вашата работа и посветеност да бидат признаени.

Водолија – Духовити сте и интересни, истовремено сте и добродушни и на сите сакате да им помогнете. Интелигентни сте и имате многу хобија. Ја мразите здодевноста и секогаш сте во движење.

Риби – Чувствителни сте, нежни и романтични, а љубовта ви ја претставува смислата во животот. Сакате забава, комуникација и имате голем број на пријатели. Не ги осудувате другите луѓе.

Најпопуларно


To Top