in

Што ќе се случи доколку пиете црн чај секој ден?

Црниот чај не е всушност црн. Во Кина е познат како црвен чај поради неговата боја, а доколку го пиете секојдневно ќе имате многу придобивки врз здравјето. Некои луѓе го користат како алтернатива на кафето бидејќи содржи голема количина на кофеин, но исто има и ризици доколку се претерува со пиењето.

Направивме кратко истражување за ризиците и придобивките кои се добиваат од овој вид на чај.

Се намалува крвниот притисок

Проценето е дека 26% од вкупната светска популација има проблеми со висок крвен притисок, што може да доведе до сериозни оштетувања. И покрај тоа што ефектот е мал, црниот чај помага во регулирањето на крвниот притисок.

Помага со холестеролот

Еден од тројца возрасни има висок холестерол. Мажите се посклони на оваа состојба од жените. Црниот чај значително го намалува нивото на холестерол во крвта.

Се бори со кариесот

Секој чај ви помага во одржување на оралното здравје, но поточно црниот чај содржи состојки кои ги убиваат бактериите во устата.

Прочитајте и...  Дуња – најдобрата витаминска бомба во есен. Еве што се лекува со неа

Може да спречи дијабетес

Околку 442 милиони луѓе имаат дијабетес. Тип 2 дијабетес е присутен кај 90-95% од сите случаи, но е пронајдено дека црниот чај го намалува нивото на шеќер во крвта, со што имате помала шанса да развиете дијабетес.

Може да добиете главоболки

Пиењето на големи количини на црн чај секојдневно има свои ефекти. Некои од нив се главоболки, миграни и нервоза. Сите од нив се предизвикани од големите количини кафеин.

Исто така може да предизвика анксиозност и несоница

И покрај тоа што може да добиете енергија од чајот, преголемо конзумирање на кафеин доведува до несоница и зголемување на нивоата на анксиозност и стрес.

Дали пиете чај секојдневно? Кој е вашиот омилен? Дали повеќе сакате ладен или топол чај?

Што мислите?

2 Поени
Upvote Downvote