Здравје

Што ќе ви се случи доколку престанете да јадете сол?

Многу од нас пробуваат да намалат со конзумирање на сол, а дел од луѓето целосно ја исфрлаат солта од исхраната, мислејќи дека е штетна по здравјето. Сепак, не е целосно точно, бидејќи солта е важен електролит за правилно функционирање на човечкото тело. Ако пробувате да избегнете сол, осигурајте се дека не ја исфрлате целосно од исхраната.

Има многу диети кои препорачуваат исфрлање на солта од исхраната, но ова може да има несакани ефекти. Ние ќе ви претставиме неколку од ефектите кои ниското ниво на натриум (сол) може да ги предизвикаат, и зошто треба да се консултирате со лекар пред да пробувате диети на своја рака.

1. Може да се здебелите

Јодираната сол е многу важна за регулирање на нивото на хормоните, па доколку целосно ја отфрлите солта, ќе имате многу помало ниво на јод во телото. Како резултат на ова, може да се чувствувате подуено, да ви се суши кожата и да чувствувате слабост во мускулите.

Прочитајте и...  Зошто не треба повеќе пати да пиете вода од истото шише?

2. Може да ви влијае на срцето

Диета со низок внес на сол е полезна за многу, особено за луѓе со срцеви проблеми, но кај дел од луѓето со добро срце може да предизвика негативен ефект. Според една студија, покажано е дека не треба целосно да се отфрла солта доколку немате никакви проблеми со срцето.

3. Може да ја зголеми отпорноста на инсулин

Истражувањата покажуваат дека доколку внесот на натриум во телото е многу низок, може да предизвика отпорност на инсулин и создавање на шеќерни болести.

4. Ќе се чувствувате дехидрирано

Кога нивото на сол одеднаш ќе опадне, може да искусите симптоми кои се многу слични на дехидрираност. Тоа се: сува и испукана уста, уморност, жед и ретко одење во тоалет.

5. Ќе чувствувате лошење

Ниското ниво на натриум во телото може да предизвика проблеми во регулирањето на нивото на холестерол. И покрај тоа што ова нема рани симптоми, може да нападне некои ограни, вклучувајќи го и срцето. Еден од симптомите кои може да се појават е чувство на повраќање.

Најпопуларно


To Top