Филм & ТВ

Што не научија ликовите од „Хари Потер“?

Денес и да не постои човек кој барем еднаш во животот гледал дел од серијалот за Хари Потер- момчето кое сите го сметаат за чудо бидејќи е единствениот кој ја преживеал смртоносната клетва.

Многу од миленијалците се опседнати со овој серијал и е дел од нивното секојдневие. На некои никогаш не им е доста од гледањето на Хари Потер и секое гледање е нова авантура. Секогаш одново и одново ја доживуваат магијата на деталите од прекрасните филмови снимени според бестселерите на британската новелистка Џ.К Роулинг.

Но дали некогаш сте пробале да извлечете по некоја поука на која што можат да ве научат ликовите од овој серијал?

Ние успеавме.

Лорд Волдеморт не научи дека животот без љубов едвај може да се нарече живот.

Белатрикс Лестрејнџ не научи дека опсесијата може да го расипе нашиот ум и ќе не доведе до лудило.

Драко Малфој не научи дека луѓето не се раѓаат лоши, тие стануваат такви.

Долорес Амбриџ не научи дека зад образованието никогаш не треба да стојат политички цели.

Луциус Малфој не научи дека парите единствено ќе ти овозможат да избереш сопствен начин на мизерување.

Питер Петигру не научи дека бескорисните луѓе секогаш ќе бараат корист од тебе.

Ремус Лупин не научи дека и осамен волк може да пронајде љубов.

Сириус Блек не научи дека тие што навистина не сакаат никогаш нема да не напуштат.

Перси Визли не научи дека семејството секогаш ќе биде тука за нас.

Невил Лонгботом не научи дека најголемите стравови ќе ни покажат кои сме навистина.

Снејп не научи дека хероите се кријат на најнеобичните места.

Погледнете повеќе на следната страна.

Прочитајте и...  6 привлечни и прогонувачки македонски филмови

Страници: 1 2

Најпопуларно


To Top