Психологија

Што не плаши најмногу: 10 најчести фобии

Фобијата претставува постојан, ирационален и интензивен страв од одредени ситуации, активности, предмети, животни или луѓе. Еве ја листата на најчестите фобии низ светот.

aid8046445 v4 728px Tell if Your Fear Is a Phobia Step 6

1. Фобија од стоматолог

Не само мали деца, туку и голем број возрасни се плашат од посета на забар. Некои не можат да ја поднесат болката, други миризбата, трети звукот од машините. Во САД нешто повеќе од 10% од возрасните не посетуваат стоматолог дури и при сериозни проблеми.

2. Фобија од кучиња

Не станува збор за страв од големи страшни кучиња како на пример доберман или питбул, доволна е и малечка слатка пудлица. Овој страв најчесто се појавува кај некое лице кое било каснато од куче или пак присуствувало кога тоа му се случило на друг.

3. Фобија од летање

Некои се раѓаат со овој страв, други го стекнуваат поради страшни катастрофи кои се случиле од некој пад на авион. Верувале или не, оваа фобија ја имаат 25 милиони американци.

Прочитајте и...  ВИДЕО: 10 смешни реклами за автомобили кои ќе ве заинтересираат

4. Фобија од грмотевици

Луѓето кои ја имаат оваа фобија, при светнувањето се чувствуваат како да им запира срцето и се препотуваат.  Универзитетот во Ајова, во 2006 година направил истражување кое потврдило дека дури 73% од студентите поседуваат извесен страв од грмотевици, но голем дел од нив се срамат да признаат.

5. Страв од темница

Овој страв се појавува кај најголемиот број деца, но кај некои продолжува многу подолго. Истражувањата покажале дека децата се плашат од темнината поради заплашувачките приказни кои ги слушале, па потсвесно мислат дека ќе се појават зли духови, крадци, киднапери или чудовишта.

6. Страв од височини

Ова е една од најраспространетите фобии низ светот. Се проценува дека околу 5% од вкупното население на земјата ја поседува. Според анализите, луѓето кои ја имаат доколку се качат на висина од само 2 метри, им се причинува дека се на дупло повисоко.

7.  Страв од друго лице

Оваа фобија најчесто може да се примети по влегувањето во пубертет. Лицата кои ја имаат најчесто не можат слободно да разговараат со други лица, не ги изговараат убаво зборовите, се зацрвенуваат и потат, па дури и ги заболува стомак. Исто така, не можат да јадат и пијат на јавни места.

Прочитајте и...  Зошто некои луѓе се плашат од кловнови?

8. Страв од затворен простор

Лицата кои ја поседуваат најчесто ги фаќа паника кога се наоѓаат во простор од кој мислат дека тешко можат да излезат. Обично тие се плашат од ливтови, трговски центри, автомобили, авиони, тунели. На нив обично им се препорачува да не се возат во автомобил предолго.

9. Страв од пајаци

Оваа фобија е најмногу застапена кај женскиот пол. Истражувањата покажуваат дека бројот на жени кои се плашат од пајаци е за четири пати поголем во споредба со мажите. Ова е така бидејќи жените почесто ги сретнуваат по домовите чистејќи или подготвувајќи ја храната (без навреди кон женската популација).

10. Страв од змии

Овој страв е дефинитивно најраспространет и тоа подеднакво кај двата пола. Нормално, страшниот изглед и фактот дека голем дел од нив се отровни и смртоносни си го прави своето. Дополнителен факт е што е споредувана со Сатаната и секогаш е спомнувана во лоша конотација, дури и во Библијата.

Прочитајте и...  8 нешта што силните луѓе никогаш не ги прават


Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top