Животински свет

Што пропуштаат луѓето кои живеат без милениче?

Покрај семејството кое никогаш нема да ве изневери и безрезервно ќе ве сака до крајот на животот, миленичето е следно на листата на ваши најдобри пријатели, а можеби и единствениот кој вистински ве разбира.

За оние што немаат милениче оваа реченица нема никакво значење, но она што го губат во животот без милениче покрај себе е непроценливо:

Некој што ќе ги пречекува на врата

Get Your Pet Adoption Online Home to Home Pet Adoption Golden Retriever 1024x727

Чувството кога вашето куче или маче ќе ве пречека на врата кога се враќате дома е незаменливо, нели?

Некој што ќе ги слуша

boy playing with parrot his shoulders 36268 187

Кога сте тажни или среќни вашето милениче ве слуша, молчи и иако не може да ви врати бидете сигурни дека разбира се. Ја чувствува секоја ваша вибрација и секогаш ќе биде тука да ве развесели или да се радува со вас на негов животински начин.

Некој што секогаш ќе си игра со нив

interactive play is best for cats

Без разлика колку и да е уморно, вашето милениче никогаш нема да ве одбие за игра доколку му фрлите топче или го ставите во скут и си играте со него. Тоа знае да ви обрне внимание повеќе и од луѓето околу вас.

Прочитајте и...  Фотографии од животните во Националниот парк Маврово

Некој што ќе им го разубавува денот

Holding a guinea pig

Без разлика дали тоа ќе биде црцорњето на папагалот, лаењето на кучето или мјаукањето на вашето слатко маченце, вие секогаш ќе бидете весели кога ќе ги слушнете истите, посебно доколку ве будат наутро.

Некој што секогаш ќе им прави друштво

rabbits featured

Никогаш нема да бидете осамени доколку чувате милениче, а тоа е една од најважните работи кои ги испуштаат оние што живеат без нив, бидејќи осаменоста понекогаш и не е баш најпријатна.

Најдобар другар

hamsters need care

Нема да ве излаже, ниту пак да ве изневери, а уште помалку да ве озборува, вашиот миленик ќе биде ваш најдобар пријател кој со молчење ќе ви покажува колку навистина му значите.

Некој што ќе ги сака безусловно и искрено!

childs hands holding turtle 147984695 0

Миленичето не знае за омраза, тоа знае за тага и среќа, но нема срце кое може да ве мрази, за разлика од луѓето. Вашето милениче е суштество кое ќе ве сака безусловно и искрено сè додека е дел од вашиот живот, запомнете го тоа!

Прочитајте и...  Виното и животот (Расказ)


Најпопуларно


To Top