Тестови и квизови

Што прво забележувате? – Откријте ги вашите уникатни карактерни особини

Има нешто навистина неверојатно за нашите умови и она што тие го перцепираат. Нашата перцепција, без разлика дали се работи за визуелно, звучно или физички секогаш се менува во зависност од неколку фактори.

Еден од тие фактори е нашата потсвест.

Неколку психолози и истражувачи навлегоа длабоко во концептуализацијата и разбирањето на потсвеста. Останува фактот дека нашата потсвест е мистерија која полека се разоткрива на самите краеви од нашата свесна перцепција. Со други зборови, тоа е таму и ние сме свесни…без да сме свесни за тоа.

Нашите внатрешни желби, нашите мисли пред да заспиеме и нашите соништа од детството играат улога во тоа што ни го покажува нашата потсвест.

Погледнете ја фотографијата подолу. Што забележавте прво: дрвја, корени или усни?

А: Дрвја

Ако првото нешто што го гледате се дрвја и/или стебла на дрвја, постои голема можност да сте екстроверт. Љубезни сте кон непознатите и кон оние што ги знаете, но си имате поставено граница и постојат две работи кои не ги толерирате: да ве исмеваат и да ве моткаат околу малото прсте.

Прочитајте и...  ФОТО: Само 5 проценти од луѓето може да ја пронајдат разликата за 27 секунди – Дали се меѓу нив?

Вие сте чувствителна душа која сочувствува со другите. Се однесувате како да не се грижите, но всушност многу ве интересира што другите мислат за вас.

И покрај тоа што сте опкружени со луѓе за кои сметате дека ви се пријатели, знаете длабоко во срцето дека само неколку од нив се искрени и автентични. Изгледате како чувствителна личност, но всушност сте многу силни. Вие сте исто така екстремно интуитивни и кога станува збор за покажување на вашите вистински емоции попрво би ги сокриле отколку да ги покажете.

Покрај тоа, не им верувате на луѓето многу лесно. За некои луѓе сте мистерија и тие никогаш нема да разберат што се случува во вашата глава. Кажувате „да“ на нови можности, осигурувајќи се дека ќе успеете во се што сте наумиле.

Б: Корени

Ако прво забележавте корени, веројатно сте интроверт. Признавањето на вашите грешки и прифаќањето на конструктивна критика е она што ви помага да се подобрите за во иднина.

Прочитајте и...  Вашиот избор на боја на кармин, открива многу повеќе за вас отколку што мислите

На почетокот, кога луѓето ќе ве запознаат, првиот впечаток за вас обично им е погрешен. Веројатно сте слушнале „кога те запознав не мислев дека ќе ми се допаѓаш“ или „кога те запознав мислев ____“ безброј пати. Како и да е, овој впечаток се менува кога ќе ве запознаат и ќе започнат да сфаќаат дека сте исклучително мудри и имате добар карактер. Не е ваша вина што оставате погрешен прв впечаток-сите ние имаме поставено некои ѕидови со причина.

Вие сте некој кој е доста внимателен со обврските. Ако сакате да постигнете нешто, ќе го направите тоа. Имате морал и принципи кои ги користите како водич за живеење. Ова ве прави таква личност која знае што сака и ќе постигне успех во животот заради оваа јасност.

Кога луѓето ќе ве запознаат какви сте вистински, станува очигледно дека вие сте независна и одговорна личност кога секогаш настојува да биде подобра верзија од себеси. Понекогаш страдате од ниска самодоверба, но имате вистински пријатели кои ве потсетувааат колку сте прекрасни тогаш кога треба да бидете потсетени на тоа.

Прочитајте и...  Колкаво е вашето знаење за Хари Потер? – откријте со овој краток тест

В: Усни

Ако усните се она што прво го видовте кога ја погледнавте сликата, вие сте едноставна и тивка личност. Преферирате просечен живот кој не е комплициран и не е полн непотребни грижи. Вие сте многу флексибилни со вашите мисли и вашето однесување, и секогаш го следите патот на кој универзумот Ве носи.

Вие сте мудри, но некогаш и наивни бидејќи вашите мисли никогаш не се злонамерни и секогаш имате добра намера. Можеби изгледате како слаби и како секогаш да имате потреба од помош, но тоа не е точно. Вие сте силни и самостојно се справувате со вашите проблеми без помошта од другите.

Не сакате комплицирани врски и сакате да бидете искрени со другите. Затоа, луѓето секогаш доаѓаат кај вас за совет бидејќи знаат дека можат да му веруваат на вашето мислење.

Најпопуларно

To Top