Занимливости

Што се случува кога ќе направите леб од квасец стар 4.000 години?

image 10 2

Шимус Блекли, археолог-египтолог се здружил со биолог и експерт за приготвување јадења со квасец за да тестираат дали сè уште е употреблив квасецот што го пронашле на дното на 4.000 години стари садови од антички Египет. 

Штом бил активиран, квасецот повторно почнал да се размножува. Имено, квасецот е едноклеточна габа што не ги губи своите својства дури и кога се суши. Тоа веќе го испробал археологот Серена Лав од Универзитетот во Квинсленд, која со квасецот собран од дното на садовите пронајдени во египетските гробници и со употреба на рецепти што ги нашла меѓу пергаментите со хиероглифи направила неколку вида пиво. 

Таа сега ѝ се приклучила на „пекарницата“ што си поставила задача да испече леб од квасецот стар 4.000 години што античките Египќани веројатно го правеле и го јаделе. Шимус тргнал во потрага по остатоци од тесто во садовите што четири милениуми биле во гробниците за да се обиде да го активира квасецот и да испече леб. 

Прочитајте и...  Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
20191110 shto se sluchuva koga kje napravite leb od kvasec star 4 000 godini 1

Шимус посетил неколку универзитети во САД кои имаат музејски колекции на египетски антиквитети за од нив да добие дозвола да земе тенок слој квасец од долниот дел на садовите, а потоа смислил неинвазивен метод за минимизирање на штетите на овие скромни остатоци од квасец. Тој со инјекција го извлекол квасецот за да не ги уништи другите габи што подоцна би спречиле квасецот да се „разбуди“ и да почне да се размножува. 

Потребната влага ја обезбедил со влажна стерилна вата и со тоа го вратил во „живот“ квасецот што подоцна го измешал со еден вид брашно што се добива од житарки  што ги користеле Египќаните. 

Членовите на тимот на крајот го пробале лебот и констатирале дека може да се јаде. Следниот чекор на Шимус е да се утврди прецизната старост на квасецот што бил користен.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top