Астрологија

Што секој знак го вади од такт?

Никогаш не им ги зборете или правете следните работи на дванаесетте хороскопски знаци. Тие имаат трпение, ама кога ќе ги погодите во слабите точки, бидете подготвени да ги запознаете во сосема поинакво светло.

Знаевте ли дека Близнаците не поднесуваат да се заќутувани? Исто како што и Скорпиите се грозат од лаги, а Лавовите преѕираат кога некој се обидува да биде подобар од нив.

Кој е знакот кому не смее да му чепнете од храната? На кого е можно да му се замерите и со обична шега?

Секој хороскопски нешто го вади од такт, а за да избегнете вакво сценарио, ова се дванаесетте работи кои никогаш не смее да им ги приредите:

Овен

Овните може да бидат мошне експлозивни, агресивни и импулсивни. Притоа, вообичаено се добро градени и физички силни, па навистина е попаметно да не им се замерувате.

Бик

Биковите со драго срце ќе ја поделат својата храна со вас, особено кога тие самите ја зготвиле. Меѓутоа, ако без дозвола им земете залак од чинијата, ова ќе го сметаат за голема навреда. И ќе ве обвинат дека немате основна култура.

Прочитајте и...  Брачен хороскоп: Кои се предности и недостатоци на бракот со секој знак?

Близнаци

Близнаците се познати дрдорковци. Ова е нивното второ име. Ако им кажете да замолчат, исто е како да сте ги испратиле на мачење. Ним не им е издржливо да ќутат. Ќе пукнат.

Рак

Раковите едноставно не поднесуваат критики. Дури ни конструктивните забелешки не доаѓаат предвид. Тие знаат да бидат по малку несигурни, па таквиот начин на комуникација е најлошото нешто кое може да го направите за нив.

Лав

Лавовите се кралеви. Тие секогаш се лидери и во центарот на вниманието. Нема да ви успеат обидите да се надмудрувате со нив, а ни да покажете дека сте подобри, попаметни, или, пак, едноставно во право. Тие се одлично наоружани со аргументи, па сите вакви дуели обично ги завршуваат со победа.

Девица

Девиците превртуваат очи кога ќе им кажете дека направиле нешто погрешно. И не само тоа. Ако им ги посочите грешките, тие ќе ги искористат сите свои аналитички и истражувачки вештини, да ве уверат вас и самите себе – дека вие не сте во право.

Прочитајте и...  Кои се трите најлоши хороскопски знаци?

Вага

Вагите се познати по неодлучноста. Не сакаат притисоци и ситуации во кои се принудени да донесат некаква одлука. Доколку ги присилувате, тие ќе доживеат нервен слом. А, ова никој не го сака, зар не?

Скорпија

Скорпиите се страствени и интензивни луѓе. Тие никако не поднесуваат лаги. Ако разберат дека сте им говореле невистини, ќе се соочите со бес и лутина, какви што не може ниту да замислите.

Стрелец

Стрелците имаат потреба од максимална слобода. Посакуваат живот без кочници, како физички, така и емотивни. Обидот да ги скротите или ограничите во движењето, нив ќе ги доведе до лудило. Постои опасност и да се дистанцираат од вас.

Јарец

Јарците се многу директни и искрени. Во нивниот живот нема место за глумци. Доколку некој се преправа, веднаш се оддалечуваат од таквата особа. И веќе никогаш нема да си имаат работа со неа.

Водолија

Водолиите се единствени и оригинални личности, кои живеат по сопствени правила. Ако се обидете да ги промените, односно претворите во нешто сосема спротивно од она што се, тие засекогаш ќе ви се замерат.

Прочитајте и...  Овие хороскопски знаци се родени победници

Риби

Рибите се претерано чувствителни, па со овој знак нема шега. Во буквална смисла на зборот. Тие лесно може да го протолкуваат вашиот хумор како потсмевање на нивна сметка. Подоцна ќе доживеат емотивен испад, каков не сакате да гледате во својот живот.


Најпопуларно


To Top