in

Што всушност се случува на небото?

Не, не се вонземјани, ниту 5G антени, ниту опасни метеори. Ова се сателитите на старлинк, сателитска констелација која е во изградба. Целта на старлинк е да се обезбеди евтин пристап до интернет насекаде на планетата, која ке биде прекриена од илјадници мали сателити.

Предлогот на SpaceX, креаторот на Старлинк е за првпат најавен во јануари 2015. Американската комисија за комуникации (FCC) им дава дозвола да лансираат 12 000 сателити во орбитата, а евентуално бројот да се зголеми до 30 000.

Првите два пробни сателити се лансирани во 2018, а тие се викаат тинтин А и тинтин Б. Сателитите се наоѓаат на 1000 километри над површината, a се очекува да се покрие целата планета и да се започне со комерцијална употреба на крајот на 2020.

Моментално се лансираат по 60 мали сателити кои се наредени во една редица, а следното лансирање е закажано за 23 април.

Прочитајте и...  (18+)Највалканиот филм за возрасни досега- акција на Pornhub за намалување на пластичниот отпад

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote