in

Што значи прогласувањето на пандемија и како ќе влијае тоа на секој од нас?

Пандемиите немаат никаква врска со сериозноста на болеста, туку со нејзината географска распространетост. Светската здравствена организација прогласува пандемија секојпат кога новата болест за која луѓето немаат имунитет почнува да се шири со голема брзина.

Случаите кои вклучуваат патници кои биле заразени во Кина, а потоа се вратиле во својата матична земја, односно кои се заразиле на тоа патување, познати се како „индексен случај“ и не се сметаат во пандемијата. За да се прогласи пандемија мора да постои втор бран на заразата од лице на лице ширум заедницата, а во САД, Велика Британија и Австралија моментно не постои активен пренос.

Еднаш кога ќе се прогласи пандемија, станува поверојатно дека ширењето во заедницата на крај ќе се случи, а владите и здравствените системи мора да се осигураат дека се подготвени за тоа.

Од друга страна, епидемијата е брз пораст на случаите на заболување или болест која може да биде единствена за една земја или заедница.

Стручњакот за заразни болести, професот Питер Колињон, изјави дека фекално-оралниот пат е најчест за пренос на коронавирусот. Тоа значи дека во земјите со солиден санитарен систем, како и постојаното снабдување со вода, влијанието на пандемијата може да биде помалку сериозно.

Прочитајте и...  Венеција пред и по вирусот: Короната донесе бистри води и чист воздух

Што значи за светот прогласување на пандемија?

Прогласување пандемијата би значело дека забраните за патувања веќе нема да бидат корисни или да имаат смисла и тоа би ги предупредило здравствените органи да се подготват за следната фаза – подготовка на болниците, собирање залихи на антивирусни средства и советување на јавноста околу социјалното дијагностицирање.

Директорката на Центарот за инфективни болести и имунологија во Квинсленд, проф. Нигел Мекмилан за Гардијан вели дека пандемијата воедно е најтешкиот тест за владите ширум светот – да ги поттикнат граѓаните да ги променат навиките на однесувањето, како откажување присуство на какви било социјални настани или генерално напуштање на домот доколку се болни. Бидејќи Мекмилан веќе била дел од тимот кој заминал за Пекинг во 2003 во обид да го спречи ширењето на САРС, истакнува дека здравствените институции ширум светот мора да ги подготват своите вработени за целиот процес. Воедно, предупредува дека сензационализмот кој медиумите го користат при известувањето ја зголемува непотребната паника, која пак, ја потиснува суштината навремено да се подигне свесноста.

Прочитајте и...  Прегратки помеѓу лекарите и пациентите: Кина ја затвори последната болница за корона вирус (ВИДЕО)

Според последните информации, експретите предвидуваат дека вакцината за коронавирусот ќе биде готова за 18 месеци.

Кога досега била прогласена пандемија?

2009 година поради свинскиот грип

1981 година поради ХИВ

1918 година поради шпанската грозница

1870 година поради големите сипаници

1347 година поради бубонската чума.

Извор: Слободен печат

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote