Случувања

Швајцарската гарда на Ватикан доби нов изглед

Повеќе од 500 години, Швајцарската Гарда го чува папата во Ватикан носејќи метални шлемови кои им ја горат кожата на жешкото Римско сонце — но тие денови се завршени за 120те членови на приватната армија на Ватикан.

Старите метални шлемови се заменети со нови, високотехнолошки, 3Д-печатени верзии, направени од ПВЦ пластика отпорна на УВ зраци.

Првиот бран на 95 шлемови од пратка на 150 стигна во Ватикан во Вторник, каде што гардата ги проба за прв пат.

Често треба да стојат по неколку часа при настаните на папата, а новите шлемови кои пропуштаат воздух се вистинско напредување.

Шлемот, наречен морион, претрпел неколку промени во 500те години од основањето на Швајцарската Гарда, но најчесто биле изработени од метал.

Прочитајте и...  Кучињата се придружуваат во битката — тренирани се да го "намирисаат" коронавирусот

Најпопуларно


To Top