
Наместо да издигне знамиња на јарболи, Швајцарија им оддава почит на интернационалните соседи кои се погодени од КОВИД-19 со проектирање на светските знамиња на една од најпознатите планини на Алпите.
Уметникот кој работи со светла, Гери Хофстетер, беше задолжен да ја осветли познатата Матерхорн планина во Цермат со различни државни знамиња и да покаже почит кон погодените држави.
Секоја вечер од 24 март, планината Матерхорн е осветлена со друго знаме, вклучувајќи ги знамињата на Франција, САД, Индија, Јапонија, Германија, Обединетото Кралство, Португалија, Шпанија и многу други.
