“Останете дома колку што е можно повеќе”, апелира “Терминатор” до луѓето за да се заштитат од коронавирусот.

Како што е познато, во светот завладеала пандемија на коронавирус. Властите ширум планетата апелираат луѓето, посебно оние постарите, што повеќе да останат дома.
Во ова се приклучил и славниот актер Арнолд Шварценегер.
Терминаторот одлучил да остане дома, во самоизолација, за да се заштити од коронавирусот.
Друштво во домашниот карантин му прават домашните миленичиња, пони и магаре.
“Останете дома колку е можно повеќе. Слушајте ги експертите, игнорирајте ги мороните. Ќе минеме низ ова заедно”, напишал Шварценегер.
Тој нагласил дека посебно старите луѓе не треба да излегуваат надвор, а своите миленичиња ги хранел со моркови и ги галел.
