Галерија

Шведски оркестар создава музика со инструменти направени од мраз (ВИДЕО+ФОТО)

Спаѓаат меѓу најретките инструменти во светот, но ќе се стопат штом ќе настапи пролет. Тие се толку кревки и кршливи, што нивните сопственици се плашат да ги наштимаат. Доколку температурата малку се зголеми во концертната сала, нема да видиме ни виола ниту флејта, туку чаша вода. 

Станува збор за оркестар сочинет од инструменти направени од замрзната вода. Tim Linhart е краторот на овој невообичаен оркестар, кој во текот на зимата одржува концерти во шведскиот град Luleå, кој се наоѓа веднаш под Арктикот.

Image result for swedish ice orchestra"

Овој оркестар е толку неверојатен што навистина мора да се види за човек да поверува дека постои. 

Линхарт своите замрзнати концерти го одржува во изминативе 15 години на повеќе локации низ светот, каде временските услови го дозволуваат тоа, почнувајќи од италијанските алпи, па сè до Колорадо, а репертоарот не вклучува само одбрани класични дела.

Покрај виолините, виолата, виолончелото и контрабасот, тој има направено и бенџо за изведба на кантри и блуграс нумери. Оркестарот содржи и 6 и 12 жични гитари кои рокаат рок’н’рол, како и ксилофон кој се вклупува во неколку жанра. Огромниот сферичен тапан, им ја смрзнува крвта на гледачите. И секако, бидејќи е од Шведска, тој изведува и серија концерти во кои свири обработки на АББА.  

Овие инструменти скулптури се направени од „бел мраз“, микс од вода и снег кој е особено флексибилен кога е замрзнат. Материјалот не е лесен за наоѓање, но за среќа во северна Шведска доколку се копа на околу 20 см под површината на снегот, може да се најде во изобилство.

За магијата за биде уште поголема, деликатните инструментите се прекрасно осветлени со ЛЕД светилки, правејќи го просторот рајски диско-клуб.

Прочитајте и...  Авторката на музиката за „Џокер“ е првата жена номинирана за „Оскар“ во таа категорија(ВИДЕО)

Најпопуларно

To Top