in

Си го најде кучето по 3 години: Средба која ќе ви го стопи срцето (ВИДЕО)

Еден постар Грузиец го загубил своето куче Џорџ пред три години и сите обиди да го пронајдат тогаш пропаднале. Но, тој не изгубил надеж дека тие двајца ќе се сретнат повторно некаде.

76695149 605220296880698 8859700289565884416 n

После три години му заѕвонил телефонот. Сопственичката на една продавница му кажала дека имало куче на улица во центарот на Тбилиси кое личело на миленичето што го барал. Од далеку, човекот забележал дека кучето изгледа исто како негово и почнал да снима како се приближува.
Џорџи, дали си тоа ти? Џорџ? “, му се обрати нежно на кученцето. Кучето се смени, го душкаше човекот и го препозна. Потоа следуваше лавина од емоции од обете страни. Кученцето цвилеше од среќа, додека воодушевениот сопственик го галеше.

Прочитајте и...  ФОТОГАЛЕРИЈА: Кучиња со нацртани веѓи кои ќе ви го разубават денот

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote