Текстови и колумни

Си замина без поздрав – поема

Се случи една искра, еден поглед,
љубов слатка како мед.
Малите работи среќни ги правеа
и се заедно славеа.
Но без тој да сети
нејзе ја обзедоа амбиции клети.
Сега таа повеќе не гледаше среќа во тоа,
мислеше дека пари полна вреќа е среќа.
Замина без поздрав.
Најде нова љубов, нов човек.
Мислеше дека парите ќе ја прават среќна до век.
Немаше љубов искрена.
Сите тие пари беа сега во сенка,
со живците беше тенка.
Замислена сега така седи
и се сети дека со него си ги пишуваа имињата со креди.
Тоа ја правеше среќна тогаш,
не знаеше дека ќе се сети на тоа некогаш.
Сега е касно за да се врати назад.
Сега има пари и ствари, има кола.
Има куќа, ама само на хартија.
Сега е во богатата партија.
Не слушна ништо за него веќе одамна,
мислеше дека земјата е рамна.
Заблуда и незнаење,
на долга стаза каење.
Сега малите среќни работи
и излагањата со него во саботи
е тоа што и треба моментално
и да се повторува стално.
Тоа не може никогаш да се врати.
Тоа што сакааше само моќ и пари
ќе го враќа цел живот на рати.
А пак тој не се промени,
Сакаше со мали работи да создава спомени.
Си најде слична како него жена
и повторно духовно се крена.
Но стравот во него не може да мине.
Дали можеби и таа еден ден без поздрав ќе си замине.

Прочитајте и...  Ова е најважната работа за секој маж со која секоја жена ќе биде задоволна

Раде Стојаноски

Најпопуларно

To Top