in

Сибирски хаски им доставуваат храна на најранливите во Карибу поради коронавирусот

Во Њујорк, намирницте се испорачуваат низ градот со велосипеди. Во Атланта, тие се транспортираат со автомобил.

Но, во Карибу, Мејн, намирниците се доставуваат од страна на кучиња. Целта на ова е да се заштитат најранливите, вклучувајќи ги постарите лица како и имунокомпромитираните кои се изложени на поголем ризик од Ковид-19.

Хана Лукас, 22 годишна девојка, сакала на некој начин да им помогне на постарите откако забележала дека одат во продавницата во којашто таа работи само за неколку намирници.

„Гледав како постарите влегуваат и купуваат само неколку намирници, како едно шише млеко, или малку овошје. Јас само сакам да им помогнам да им се намали ризикот од Ковид-19“, вели таа.

Лукас се преселила во Карибу за да може да учествува на трките со кучиња со санки. Поголемиот дел од времето го поминува во тренинзи со Сибирски хаски. Сфатила дека таа и нејзиниот тим можат да им носат намирници на најранливите категории, па така тие ќе го намалат ризикот за заразување со новиот коронавирус.

Прочитајте и...  Научно откритие: Зошто мачките јадат трева?

Со доставите започнала на 5 март. Тогаш имала само две, а следниот ден тројно се зголемиле.

Лукас, уште двајца управувачи на санките и 12 Сибирски хаски имаат околу 6 испораки секој ден.

Хана опиша колку им се благодарни за оваа помош. Еден постар пар дури почнал да плаче од среќа кога виделе дека доаѓаат хаските.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote