Случувања

Сибирски хирург го користи годишниот одмор да патува по светот и бесплатно да оперира деца

5bca109315e9f93eea170d01
Фото: Russia Beyond

Максилофацијалниот хирург од Детската болница во рускиот град Новосибирск Михаил Колибелкин помина уште еден годишен одмор работно, поточно на пат. Во Алтајските села прегледа деца кои потоа ги оперираше.

Колибелкин, кој оваа година е прогласен за најдобар лекар во Новосибирската област, веќе со години патува по градовите ширум Русија и светот (Мароко, Кенија, Јордан) за бесплатно да прегледа и лекува деца на кои им се потребни сложени операции на лицето.

https://www.youtube.com/watch?v=FHLqLlhM-bM

Летово докторот престојуваше во Горно-Алтајск каде се сјатија деца од оддалечените села на Република Алтај.

„Заминувам на терен, ги прегледувам децата и ги пронаоѓам оние кои можат да се вклучат во акцијата (на Меѓународната добротворна организација Операција „Насмевка”). Постојат разни критериуми според кои се одлучува кој е за операција, а кој не е. На оние кои не се им давам совети, да речеме моментално да применат ортодонтска терапија, или предлагам операција која може да се изврши во блиска иднина. Додека останатите доаѓаат кај мене (во болницата)”, објаснува докторот.

Прочитајте и...  За еден ден продадени 220 000 влезници за изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр

Според него, за преглед првин се пријавиле стотина пациенти, но на крај до консултации стигнале дваесетина, меѓу кои на половина од децата навистина им била потребна операција. Покрај Колибелкин, пациентите бесплатно ги оперираа и лекари од Минск и Иркутск.

„Претходно секој годишен одмор го користев одејќи на такви патувања, а сега одвреме-навреме. Се случуваше одморот и акцијата да не се поклопат, така што тогаш земав неплатено, пишував изјава на работа и заминував“, вели лекарот, нагласувајќи дека на таквите патувања му се платени патот и храната, но не и самото лекување на децата.

Михаил Колибелкин работи во Детската болница во Новосибирск од 1987, а од 1992 година е началник на Одделението за максилофацијална хирургија. Во истата болница работи и неговиот син Константин, исто така максилофацијален хирург кој како и татко му патува по светот за бесплатно да лекува деца.

Текстот е превземен од Russia Beyond

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top