in

Симболите на Велигден и нивното значење

Велигден е еден од најголемите и најсветлите празници во Христијанскиот календар. Со постепеното таложење на различни традиции низ вековите, оригиналните симболи на празникот добиле различно значење за различни луѓе, во зависност од нивната вера.

Од бојадисувањето и размената на јајца, до Велигденските зајчиња, карневалите и обредните лепчиња, сите традиции имаат длабоки корени во минатото. Без разлика дали сте религиозни, или едноставно Ви се допаѓа атмосферата на пролетниот празник, да дознаете нешто повеќе за традициите е интересен начин за да го поврзете она што по правиме денес, со она што го правеле луѓето пред нас.

Велигденски симболи

Црковни ѕвона

800+ Free Church Bells & Church Images - Pixabay

Во најголем број на земјите во Европа, црковните ѕвона престануваат да бијат на Велики четврток. Тие мируваат во знак на сеќавање на Христовите страданија и повторно почнуваат да бијат на Велика сабота, како знак за радоста – Христовото Воскресение.

Бојадисани јајца

Јајцето е најпопуларниот симбол на Велигден низ целиот свет. Во сите култури јајцето го симболизира почетокот на новиот живот. Една латинска поговорка вели: “Целиот свет е создаден од едно единствено јајце”.

Прочитајте и...  Како изгледа животот пред и после 30-тата година

Јајцето е симбол на почеток на нов живот и се наоѓа во центарот на сите Велигденски обреди. За сите христијани јајцата се симбол на Христовото воскресение. Нивното вапцување е еден од најубавите и најрадосни православни обичаи, кој се изведува на Велики четврток. Се верува дека јајцата, кои се сварени и вапцани пред изгрејсонце, нема да се расипат цела година, се’ до наредниот Велигден. Првото јајце вапцано во црвена боја, според обичаите, се чува и се смета за чувар на домот во текот на целата година.

Јагне

Дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

Јагнето симболизира човек, затоа што Исус е претставен како добар овчар кој пази на своите овци. Јагнето доаѓа на свет во пролет. Израелците ја користеле јагнешката крв за да ги спасат првороденчињата во Египет.

Зајак

Овој симбол потекнува од пред развитокот на христијанството. Зајакот традиционално се поврзува со плодноста и богатството. Постои легенда според која Велигденскиот зајак некогаш бил голема и убава птица и и’ припаѓал на една божица. Еднаш таа се налутила и ја претворила птицата во див зајак и бидејќи тој сеуште е птица по душа, продолжува да прави гнезда и да ги полни со јајца.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote