Син на индиски богаташ добил подарок БМВ, а сакал Јагуар – разочаран го фрли во река

bmv 228566

Неименуван Индиец бил толку разочаран од автомобилот што го добил како роденденски подарок од неговиот татко, што решил да направи радикален потег.

Младиот човек од својот татко добил БМВ во вредност од околу 49.000 долари, но тој очајно сакал автомобил „јагуар“ што чинел малку повеќе.

Индиецот бил толку разочаран и лут што го турнал новиот автомобил во река во северната индиска држава Харајана, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Локалната полиција започнала истрага за целиот случај.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.