Македонија

Синоќа во Радовиш почна седмото издание на „Самун ем татлија“

Повеќе илјади луѓе синоќа во Радовиш присуствуваа на отворањето на седмото издание на „Самун ем татлија“, тридневна манифестација во чест на култните радовишки специјалитети – сомунот и татлијата, чиј организатор е радовишкиот Центар за култура „Ацо Караманов“, со поддршка на локалната самоуправа.

Од повеќе штандови на стотиците маси се служеа сомуни и татлии, а на сцената настапија групата „Троја“, Дани Димитровска, Влатко Лозановски и „Слаткаристика“. Вечерва ќе пеат Антонија Гиговска, Јелена Розга и Дејан Петровиќ, а утревечер ќе настапат Ленче и Горан Кукиќ, гости од „Никад није касно“, како и Мирза Селимовиќ. Програмата и денеска и утре почнува уште од пладне, со настапи на фолкорни ансамбли.

Прочитајте и...  Шимпанзото Коко во четврток ќе стигне во Скопје излечен од депресија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top