Сите се опседнати со овој вирален трик за чистење на бели патики

Никој не купува бели патики со помислата дека тие засекогаш ќе останат бели и чисти. Но, тоа не значи дека длабоко во себе не се надевате дека ќе го избегнувате неизбежното што е можно подолго. Па, во 2017 година на твитер се појави еден вирален трик кој дава надеж дека ќе можете да ги вратите вашите бели патики во нивната првобитна состојба.

Еве што објави @ sarahtraceyy – корисник на Твитер, прикажувајќи пред и потоа фотографии од нејзините патики со наслов „Јас сум чодотворец.“

Потоа следеле коментари меѓу кои: „Бог сигурно ме видел денес како се мачам да ги исчистам белите патики, па ми го испрати овој твит.„ или „Леле, каква магија!„ . По многубројните коментари, Сара го сподели трикот со целиот свет.

Таа започнала со плакнење на нечистотијата од патиките со вода. Потоа измешала 1 дел сода бикарбона и 1 дел детергент за перење. Таа ги измила патиките со оваа мешавина со помош на четка за заби, а потоа ги оставила да отстојат. По некое време повторно ги исплакнала со вода, ги става во машина за перење, ги пропрскува со бебешка пудра и ги оставила да се исушат.

Но, пред да ги ставите патиките во машина за перење, Каролин Форте, директорка на Институт за добро домаќинство, вели дека не го препорачува тоа и смета дека е подобро да ги измиеме со крпа или четка.

Прочитајте и...  Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

А доколку поседувате кожни или синтетички бели патики, Форте препорачува да користите сосема поинаков начин. Рачно измијте ги со вода и благ сапун. За гумените делови користете средство за чистење.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.