in

„Скала на животот“ – поема

Во едно сиромашно село,
имало едно семејство што заедно се држело.

Таткото бил чесен.
За неможноста да им даде на неговите деца удобен живот, свесен.
Мајката била убава и вредна,
со височина средна.

Имаа две деца како злато,
влегоа во школското јато.
Еден син и една ќерка.
Двајцата вредни и по мерка.

Имаа домашно воспитување стекнато
и во главите вметнато.
Немаа пред никого да молат клекнато.

Научени на сиромашен живот,
нивните реки влегоа во вливот.
Заминаа од селото во град,
се сместија во интернат.

Беа среќни сакаа да учат,
сакаа да се вклопат и да се вклучат.
Но незнаеа дека не се сите како нив исти,
немаат тие слушнато за мисли чисти.

Одма кога седнаа на училишната клупа,
имаше реакции од таа маса глупа.
Дофрлања и омаловажувања
и никакви сложувања.

Не ни ги запознаа, а ги осудија.
И ги нападнаа со нивните орудија.
Можеби немаа пари, немаа нови алишта,
ама имаа емоции и чистина во нивните складишта.

Прочитајте и...  Социјализам или изумирање

Се соочија со суровоста на градот голем
и со тој однос налик на човек психички болен.
Но им дадоа ветување на нивните родители
и им го обелија образот на селските жители.

Учеа, се трудеа.
Ги прифатија осудувањата неосновани
и навредите небројани.

Си најдоа пријатели со срца чисти,
и тие како нив бистри.
Се прилагодија на тој однос,
миризбата не одеше до нивниот нос.

Хиерархијата што беше неправедна,
ги осудуваше без ниту причина една.
Тоа ги направи посилни
и им даде сила како горива фосилни.

Тргнаа напред, почнаа да освојуваат бази
и да чекорат цврсто на нивните стази.
Станаа богати и познати,
но не заборавија од каде потекнуваа
и како тоа што го имаат го стекнуваа.

Ги победија сите тие препреки
и си течеа слободно нивните реки.
А сега кога се горе, на животната скала,
не ги заборавија селските мала
и нивната штала.

Раде Стојаноски

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote