Штетните ПМ честички наместо да завршат во воздухот и вашите бели дробови завршуваат во цилиндарот, изум на скопјанецот Пандо Петковски монтиран над печка за затоплување. Машинскиот инженер испровоциран од се поголемото аерозагадување во земјава заедно со татко му пред 1 година почнале да прават уред кој ги собира не само опасните ПМ честички туку и сите канецерогени материи што излегуваат од оџаците при согорување на цврсти горива.

– Заедно решивме да направиме филтер кој нема да користи течност за неутрализација на штетните материи, односно ќе биде сув. Самиод уред се состои од факач на на ПМ честички и се одбиваат и се таложат во таложник кој потоа може да се исчисти. Уредот има смерник кој ги насочува гасовите добиени од согорувањето во филтер кој е составен од порозна бронза и активен јаглен, вели Пандо Петковски, машински инженер.

За изготвување на механизмот им била потребна многу мала инвестиција која може да си ја дозволи секое семејство. А се користат и помалку дрва за огрев.

Прочитајте и...  Деценија од најголемата бродска несреќа кај нас

– Многу е прост за правење. До аглите е. Секоја материја има свој агол на триење. Придобивките од овој филтер ги фаќа ПМ честичките, диоксините, фуранитеи бојни отрови.

Патентот на Петковски неодамна бил награден со бронзен медал на Саем во Тајван во конкуренција од над 1500 иновации.

– Патентот освои бронзен медал во многу голема конкуренција, рече Пандо Петковски.

За изумот на Петковски биле заинтересирани неколку странски компании, но тие сакаат да помогнат во намалување на загадувањето во земјава и се надеваат дека надлежните институции ќе покажат интерес овој систем да остане во Македонија.

Останува нејасно зошто Фондот за иновации не финансира вакви корисни патенти кои во странство освојуваат престижни награди, а секако се е во насока на подобрување на квалитетот на животот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде