Македонија

Скопјанец позитивен на корона вирус, се шетал до Охрид и викнал оператори да му местат интернет

macedonia ohrid and lake ohrid ohrid emily wilson

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје.

Тој, на 13.03.2020 година, кога од Австрија пристигнал во Р.С.Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.

По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид.

Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

Прочитајте и...  Здруженија за заштита на животните бараат да се дозволи шетање на домашните миленици за време на полицискиот час

Најпопуларно

To Top