Македонија

„Скопје Креатива 2019“ ја промовира идејата за еколошката свест како култура на живеење

skopje kreativa 2019

Осмото издание на фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019“ годинава се одржува од 31 мај до 1 јуни под мотото „Зелено Скопје”, со најразлични настани во МКЦ и Кино Култура. Симболиката во пораката е идејата за еколошката свест како култура на живеење.

Целта е и да се поттикне домашната креативност, која преку соработка со домашни и меѓународни партнери ќе се развие и реализира преку разни активности кои ќе придонесат за подобар квалитет на животот во градот за сите граѓани.

„Преку фестивалот и неговата програма имавме цел да го ангажираме креативниот потенцијал во насока на создавање подобра релација помеѓу човекот и животната средина. Екологијата за нас претставува динамична категорија на меѓусебно условени еколошки, општествени и културни процеси на секојдневното живеење. Оттаму термините јавен простор, начини на комуникација, зачувување на природата, рационализација на ресурсите, рециклирање… се втемелени во идејата и програмскиот концепт на  „Скопје Креатива 2019“, велат од здружението „Локомотива“, кои се организатори на фестивалот.

Фестивалската програма опфаќа образовен, продукциски и презентациски формат и содржини од широката сфера на креативните индустрии привлечни за граѓани од различна возраст и различни културни заедници.

Програмата за дизајн се состои од сегментите „Поддршка и промоција на  прототип производи и услуги во сферата на креативните индустрии“, „Брендирање на зелено Скопје“ и „Бјутификација на градот“. Програмата за архитектурата е посветена на „Екологиите на градот“ и трансформација на јавниот простор.

Музичката програма ги промовира концептите на рециклирање и „зелено“ преку издавање нова музика и настапи на квалитетни музички автори и диџеи со избор на современа музика и музика од нашето поблиско и подалечно минато. Филмската програма преку „Кино утро“ и „Кино под ѕвездите“ ќе прикаже интересен спој на документарни филмови, реклами и патописни репортажи од архивите на „Вардар филм”. Дополнително, „Скопје Креатива 2019“ ќе понуди креативни работилници за деца, театар, „Ремиксувај ја културната стварност“ или изложба на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела, „Редефинирај ја својата реалност“ или презентации на иновации каде што се спојуваат креативноста и технологијата, интернет-технологијата и активизмот, и „Еко сфера” или поп-ап стор за дизајн, книги и музички изданија од домашни автори и издавачи.

Прочитајте и...  Надреалистична мода за старт на 10 години „Моден викенд“

Програмата вклучува уметници и културни работници, здруженија на граѓани, локални и независни културни институции, формални и неформални групи на граѓани и инцијативи, факултети, професори, студенти…

Во продолжение, погледнете ја целосната програма на „Скопје Креатива 2019“:

ПЕТОК 31.05.2019
I голема сала Кино Култура I
20.00 · Отворање на фестивалот

Ремиксувај ја културната стварност
I ул. Македонија I
Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела од авторите: Дарко Дојчиновски, Ивана Темелкоска, Јулијана Росоклија, Милан Крстевски, Вили Стоилова, Владимир Трајановски, Александар Јосифовски, Ангелина Кичукова, Бисера Михајловска, Димитар Грчев, Маја Атанасоска, Марко Јанев & Петар Џајковски, Нора Николоска, Калиопи Илиевска и Бане Гелевски
соработка со Аксиома

Програма за дизајн | Брендирање на зелено Скопје
I фоаје во Кино Култура I
Претставување на промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје” изработени од од македонските дизајнери и илустратори: Зоран Кардула, Немања Трајковиќ, Давор Кешќец, Емилија Десановска и Марина Размоска

Музичка програма
I голема сала Кино Култура I
21.00 · Dunja Ivanova – Зелено во етерот за зелено Скопје
Звучно-визуелна инсталација, изведба на композиции од современи авангардни и популарни автори кои го имаат изразот „зелено/green“, проследена со видеозапис со визуализации од Скопје

22.00 · Goran Atanasovski Роботек – RE:Cycled
I голема сала Кино Култура I
Настап во живо, промоција на албум RE:Cycled

САБОТА 01.06.2019
I Кино Култура I
12.00-19.00 · Еко сфера Pop Up Store – Скопје Креатива 2019- Зелено Скопје
Поп-ап стор за дизајн, книги и музички изданија од домашни автори и издавачи. Соработка со PMG Recordings и BEGEMOT – izdavacka kukja

САБОТА 01.06.2019
I детски креативен центар МКЦ I
Програма за деца

10.00-12.30 · „Млади и зелени“ со Колектив Ветерница
Работилница за деца со јавна презентација за невербален сценски израз со отелотворување на емоциите што децата ги чувствуваат во секојдневието во градот во кој живеат.

13.00-15.30 · „Пишуваме, цртаме, патуваме: Сакаме зелено Скопје“ со Biljana Crvenkovska
Креативна работилница за деца од 6 до 9 години која поттикнува креација и имагинација кај децата на една многу важна тема – зелено Скопје!

Прочитајте и...  Скопје ќе добие парк со праисторски животни - почнува изградбата на „Дино парк“

11.00-16.00 · „Изгубениот пердув“ со Mare Trajkovska Matra и Karolina Nikolova
Анимациска програма за деца во светот на приказната „Изгубениот пердув“ каде што децата читаат, бојат, учат факти за специфични животни, решаваат загатки, поставуваат и одговараат на прашања, креираат 3Д-форми.

14.00-16.00 · Креативно цртање на лица на деца со Facepainting Peperutka

Програма за дизајн
I МКЦ хол и долно фоаје кино Фросина I
Изложба на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии поддржани во рамките на фестивалот
16.00-21.00 · Изложбата е отворена за посета од 16 до 21 часот.
19.00 · Официјално отворање со претставување на авторите
„Celebrate life – Почни од себе“ – Goran Kostovski Ind.og, MiaBotanika – ЛЕД-светилки” – Борјана Насева, „Примери“ – Арт еквилибриум, „Духот на старата градска куќа“ – здружение Градот убав, „Скаменета природа“ – Andrej Mitevski, „Вода и камен“ – Aleksandar Naumoski, Цртаме стрип „Скопје зелено пак ќе бидеш“ – Стрип центар на Македонија-Велес, Велес, „Како да дизајнираме промена“ – PrivatePrint, „Документирање техники за бојадисување волна на традиционален начин“ – Maja Minoska, „Платформа за аудиокниги на македонски јазик“ – Флуктус, „Рециклиран маркетинг“ – Vladimir Ristovski, „Еко-цевки“ – Jasmina Glavinche WIZART, „Eggshell-Hatched” – Gligor Kuzmanovski, „Зарез-резови во теракота“ – Aneta PopovaReTex -Archisegment /РеТекс-Архисегмент“ – Екатерина Намичева, „Градење на патот до зелен град“ – Jasmina Pislevikj

Програма за архитектура | Екологии на градот
I МКЦ парк Младински културен центар I
19.00-19.30 · Отворање на архитектонско тело (приклучок) кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на местото – паркот на Младински културен центар.

19.30-20.30 · Предавање на Nicola Russi, Италија – основач на Laboratorio Permanente, професор по архитектура и урбана композиција на Политехничкиот факултет во Торино и член на Извршниот одбор на АНЦСА, Националното здружение на историски и уметнички центри. Презентација на „Климатските агенти“ – проект за регенерација на два напуштени железнички дворови на северната и јужна периферија на Милано кој ја сврти перспективата на тековниот економски развој во обратна насока и предлага два нови еколошки уреди. /во соработка со МКЦ/

Прочитајте и...  Детали за вчерашната сообраќајна несреќа на влезот во Скопје: Меѓу повредените и тинејџери

21.00-22.00 · Градот убав? – филмови на ФДУ Скопје во Парк МКЦ
Избор на неколку документарни филмови на студентите на Факултетот за драмски уметности /Сандра Ѓорѓиева, Владимир Митревски, Горјан Атанасов/ што го коментираат животот на младите во современо Скопје.

Театар
I МКЦ кино Фросина I
20.00-21.00 · „Како се прави човек“ – колективно авторство, режија: Hana Milenkovska, продукција: Театар на Навигаторот Цветко / Theatre Navigator Cvetko

Музичка програма
I МКЦ горно фоаје кино Фросина I
23.00 · Afriqua а.к.а Адам Лонгман Паркер од Берлин, локална поддршка Мирко Попов

НЕДЕЛА 02.06.2019
Програма за дизајн
I Дворот во Државниот студентски центар „Скопје“ I
12.00-13.00 · Бјутификација на градот
Презентација на резултати од „бјутификација“ или визуелно подобрување преку хортикултурно уредување, садење дрвја, грмушки и друго зеленило на дворот во Државниот студентски центар „Скопје“, реализирано преку план-проект изработен од професори и студенти од Шумарскиот и Архитектонскиот факултет.

Филмска програма
| голема сала Кино Култура |
11.30 – 13.00 · Кино утро
Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, прв дел.

Презентации и работилници – Редефинирај ја својата реалност –
I голема сала Кино Култура I
14.00-18.30 · Презентации на иновации каде што се спојува креативноста со технологијата, интернет-технологијата и активизмот.
„Можеш ли без ѓубре?“- Андријана Папиќ-Манчева, ГЕТ-Велосипед – Венито комерц ДООЕЛ, Fashionably smart-3Д-печатени модни додатоци – ТАБМАКЕР ДООЕЛ, pulse.eco – О2 иницијатива и Нетсетера, The Data I Breathe/МојВоздух – Горјан Јовановски, „Здравје пред профит за Центар“, Проект НЕДЕЛАТА НА ИЗЛОЗИ, М3DS Академија за 3D и Game Design, Фонд за иновации и технолошки развој.

Филмска програма
I парк Кино Култура I
20.00-21.30 · Кино под ѕвездите ·
Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, втор дел.

Музичка програма | Затворање на фестивалот
I голема сала Кино Култура I
22.00 · Ехо Од Далечното Минато
Диџеј-сет на HyperTech и Ненад Стефаноски–Брус

***Влезот е слободен за целосната програма на фестивалот.

Најпопуларно


To Top