
Угостителот Горан Блажевски, сопственик на кафаната „Мал алтан“ во Скопје најави дека нема да ги отпушти своите вработени поради кризата предизвикана од корона вирусот, дури и по цена неговата фирма да пропадне.
„Јас, Горан Блажевски, сопственик на „Мал алтан“ моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне.
Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш. Ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат целосна поддршка од мене и мојата фамилија“, напиша Блажевски на својот Фејсбук профил.
