Освежителна сладолед торта идеална за во летните горештини

SLADOLED TORTA

Потребни состојки: 2 швајцарски ролати(од какао полнети со шлаг, без чоколаден прелив), 2 кг сладолед од чоколадо, рум или ликер

Начин на приготвување:

Во стаклен сад ставете најлонска фолија, доволно долга, на краевите да остане за покривање на тортата.

Исечете ги ролатите на парчиња од 1см.Распоредете ги парчињата по страните на стаклениот сад.Празнините измеѓу пополнете ги со преостанатиот ролат.

Со четкичка премачкајте ги со рум или ликер. Алкохолот можете да го замените и со сок од јаболка.

Веќе истопениот сладолед(до -12  степени) истурете го во садот и израмнете го.Покријте го со слободниот дел од фолијата и оставете ја тортата во замрзнувач барем 2 часа.

Кога ќе ја извадите тортата, симнете ја фолијата од површината, ставете чинија и свртете ја. Отстранете го садот во кој стореше тортата и фолијата.

Послужете парче торта, украсено со свежи малини или листови од нане.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.