Пригответе го старото добро слатко од сливи, на малку поинаков начин.

Потребни состојки:
1 кг сливи
1 кг шеќер
Сода бикарбона
200 мл вода
Начин на приготвување:
1.Сливите измијте ги, извадете им ги семките, прелијте ги со ладна вода во која сте ставиле малку сода бикарбона, па оставете ги еден час да отстојат.
2.Добро исплакнете ги со ладна вода и ставете ги на крпа или хартиена салветка, добро да се исушат (околу 1 час).
3.Шеќерот прелијте го со вода и ставете го на оган да зоврие. Мешајте убаво да се растопи.
4.Додадете ги сливите, намалете ја температурата и варете како и за секое друго слатко.
5.Готово е кога од лажицата паѓа капка по капка.
6.Тргнете од оган и покријте со влажна крпа. Оставете да преноќи. Следниот ден складирајте во тегли.