in ,

Славниот водител кој 27 години е во брак, призна дека е геј (ВИДЕО)

Филип Скофилд (57), ТВ-презентер кој е 27 години во брак, изјавил дека чувствува болка и збунетост во врска со она што го направил на своето семејство, откривајќи му на светот дека е геј.

Во петокот наутро, тој ја открил својата сексуалност на својот Инстаграм профил со писмо што го напишал на јавноста пред да пристигне во телевизиско шоу за да разговара за сè со својата колешка и најдобриот пријател, Холи Вилоги.

После 27 години брак со Стефани, со која има две ќерки, Моли (27) и Руби (24), тој вели дека сега е подготвен да ја „прослави“ својата сексуалност. Тој во емисијата открил дека долго време се борел со својата тајна и дека конечно чувствува олеснување.

Тој се запознал со Стефани кога работела како асистент продуцент на Би-Би-Си, каде работела на детска програма.

Холи рекла: “Мислам дека сите прво треба да земеме воздух. Чувствувам во твојот глас колку ти е тешко, ова е голем ден. Знам дека живееш со ова многу долго време”.

Прочитајте и...  Зел две апчиња виjагра одеднаш: Хари Мата Хари заврши во болница

Фил одговорил:

„Смешно е како сите околу мене се позитивни и ме оддржуваат и целото мое семејство рече:Во ред е. Ние те сакаме и се гордееме со тебе. Сите знаевме дека ќе дојде моментот кога ќе го признаеш ова. Тешко е затоа што тоа не се случи преку ноќ, се борев со тоа во главата некое време. Стефани и јас бевме навистина искрени едни со друг. Таа е неверојатна. Никој не ме поддржуваше во мојот живот повеќе од неа. Фактот дека бев геј ми го преземаше умот и секој пат кога седев до некој кој беше со иста сексуалност, но тој веќе им имаше признаено на сите, мислев дека е храбар и дека и јас морам што побргу да го направам тоа. Сè што можеш да бидеш во животот е да бидеш искрен со самиот себе, и знаев дека не сум. Не си се допаѓав на себе“.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote