Занимливости

Слеш од Guns N’Roses во тинејџерските денови

Сол Хадсон е роден во Англија, а со своето семејство се преселил во Лаурел Кањон во Лос Анџелес кога имал само 4 години. Бил син на уметник и дизајнерка на облека, а уште од рано детство бил опкружен со славни личности.

77265464 2668325599943021 5137952991181012992 o

Прекарот Слеш му го дал актерот Сејмур Касел, а го добил затоа што непрестано брзал некаде. Кога неговиот татко ја дизајнирал насловната на албумот за Џони Мичел, пејачката ги искористила цртежите од Слеш, мајка му ја дизајнирала нејзината облека како и за Ринго Стар, Карли Сајмон и Дејвид Боуви со кој била кратко во врска после разводот со татко му на Слеш.

Тешко е да се каже дали станува збор за изложеноста на холивудскиот животен стил, или пак разводот на неговите родители, но Слеш станал проблематичен уште во раната младост. До 12 година веќе пушел, се опивал и имал сексуални односи. Бил опседнат со BMX велосипедите, а подоцна влегол во фаза на кражби по продавници, што престанало откако еднаш го фатиле како краде.

Прочитајте и...  8 Чудни факти за сексот кои не сте ги знаеле досега

Баш како што се поврзале членовите на бендовите „Роуз“ и „Избел“ во едно средно училиште, тоа било случај и со Слеш кој во средно го запознал Стивен Адлер, кој станал првиот тапанар на „Ганс“. Станале нераздвојни. Набрзо почнале да шмркаат „locker room“, ефтина верзија на амил нитрат, а пред наставата пушеле трева и лутале по улиците на Холивуд, зборувајќи за музика, основање на бенд и заработка.

„Одевме наоколу и запознававме жени, главно постари кои не водеа во своите домови на Беверли Хилс. Не частеа секакви пијалаци, не хранеа, а ние имавме само една обврска- да ги задоволиме.“

Што се однесува до Слеш, тој во гитарата се заљубил кај Адлер кој тогаш имал гитара.

„Му ја позајмив и веќе за недела дена тој пишуваше песни. Беше роден за гитара.“

Две екипи се споиле преку младиот гитарист Треки Ганс кој подоцна станува фронтмен на групата „ЛА Ганс“. Ганс, четири идни членови на Ганс енд Роузес и уште неколку луѓе наредните години настапувале по клубови.

Прочитајте и...  Сите го сакаат: Овој тепих е толку популарен што има свој Инстаграм профил

Панк музичарот од Сиетл, Мајкл „Даф“ МекКаган до приклучувањето на „Ганс“ веќе бил ветеран, бидејќи зад себе имал свирки со повеќе од 30 бендови, а во Лос Анџелес се доселил во 1984. Само затоа што се јавил на огласот од еден локален весник (The Recycler) стапил во контакт со Хадсон и настанал еден од најпопуларните бендови во историјата на рок музиката.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top