Занимливости

Слика од јајце е најлајкуваната слика на Инстаграм

Овој викенд, слика од јајце стана најлајкуваната слика на Инстаграм, социјалната мрежа во сопственост на Фејсбук со повеќе од еден билион корисници.

Сликата, која што можете да ја видите подолу, во моментот на пишување на овој текст има над 36 милиони лајкови. Ова е двојно повеќе од сликата на Кајли Џенер – сестрата на Ким Кардашијан која го најави раѓањето на нејзиното дете и има 18.2 милиони лајкови

Новиот Инстаграм профил, world_record_egg е креиран на почетокот на Јануари. Не се знае кој е сопственик, но има собрано над 4.5 милиони следачи во моментот на пишување на текстов.

Прочитајте и...  Инстаграм има нова опција за „стори“

За да покаже дека има смисла за хумор, 21 годишната Кајли Џенер сподели видео каде што крши јајце.

View this post on Instagram

Take that little egg

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Ова е вториот рекорд оваа година во категорија социјални мрежи, откако твитер доби нов најмногу ретвитнуван твит.

Јусаку Маезава, Јапонски билионер вети дека ќе даде нешто под 1 милион Американски долари за да стане рекордер на Твитер.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top