Сложувалките се одличен начин побрзо да ви помине времето додека сте заглавени дома во карантин.

Компанијата Кодак неодамна објави сложувалка составена од 51.300 парчиња.
Сложувалката ги покажува 27 – те светски чуда, а комплетот доаѓа со 51.300 парчиња.

Тежината на овој сет е околу 18,5 килограми, а на сложувалката се наоѓаат Римскиот Колосеум, Ајфеловата кула во Париз, Мачу Пикчу во Перу и Таџ Махал.



Иако изгледа како невозможна мисија, има ли некој кој би го предизвикале да ја состави оваа најкомплицирана сложувалка на светот?
