Видео

Снимена кражба во обложувалница во Србија- упаднале вооружени, но погледнете што направил вработениот (ВИДЕО)

Веселин Ивковиќ кој од драмата која се одиграла вчера во околу 03:10 во локал, каде работи повеќе од 10 години, излегол како победник, затоа што со голи раце им се спротиставил на вооружените разбојници.

-Стоев зад шанкот кога дојдоа двајцата момци, вооружени, мислев дека навистина е шега и им реков „излезете надвор“. Тие повторуваа „кражба кражба, пари, пари“, а јас „излезете надвор“. Имаа капи и марами преку лицето и во еден момент вперија пиштол и пушка во мене. Испукаа куршум, а јас дури тогаш се фрлив под шанкот. Се обидоа да ги земат парите, а јас се трудев да ја задржам вреќата со пари. Не бев ни свесен што правам, едноставно сакав да си ги одбранам парите. Кога ги погледнав снимките од безбедносните камери, како тогаш да видов што се може да се случи. Можеби и адреналин беше во прашање, па така изреагирав, рекол 33- годишниот Веселин.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Работник на гробишта ја прегледал снимката од претходниот ден – не можел да си поверува на очите

Касата во тој момент се нашла на подот од обложувалницата, а парите се расфрлале.

Разбојниците собрале минимален дел, околу 7.000 динари, а прометот изнесувал 100.000 динари.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top