Галерија

Снимка од дрон открива мали напуштени замоци во Турција

Сместени меѓу Истанбул и главниот град Анкара, во живописните планини на провинцијата Болу, речиси 600 идентични замоци во француски стил седат празни, откако инвеститорот на имотот Бурџ ал Бабас достигна долг од 27 милиони долари, според Блумберг.

Првичниот план беше да го пополни комплексот за луксузни живеалишта со вкупно 732 замоци, секој на површина од 324 квадратни метри, од кои некои веќе се продадени за помеѓу 370.000 и 530.000 долари.

Сепак, стотици куќи биле оставени во различни фази на завршување поради неодамнешниот колапс на турската економија, при што лирата загубила 38 отсто од својата вредност во однос на доларот во 2018 година.

Визијата за проектот, кој започна во 2014 година, беше да се создаде целосен град на мини замоци во француски стил, секој со свои кули и импресивна голема класична купола.

Ако продолжи со развојот, ова ќе биде центар на заедницата, ќе се отвори џамија, продавници, кина, ресторани, градинки, па дури и конференциски сали. Покрај тоа, исто така треба да има разни спортски објекти, аква парк, турски бањи, сауни и парни соби.

Прочитајте и...  ФОТО: Како изгледа „Пипи Долгиот Чорап“ денес

Групата Сарот завршила 587 од куќите пред да банкротира; заменик-претседателот Мезер Јерделен изјави за Блумберг дека се надева оти градењето би можело започне повторно во 2019 година, објаснувајќи дека компанијата треба да продаде само 100 вили за да го плати долгот. Сегашната вредност на проектот е 200 милиони долари, според Мезер.

“Верувам дека можеме да ја надминеме оваа криза за четири до пет месеци и делумно да го продолжиме проектот во 2019 година”, рече Мезер.

Со оглед на големиот контраст на архитектурата со традиционалниот османлиски стил на локалните историски куќи во Муденбу,градот ќе биде додаден на Ориенталната листа за светско наследство на УНЕСКО во 2015 година.

Најпопуларно


To Top