Животни приказни

Снимките од мајката која се предозира пред своето бебе го згрози светот: Три години потоа Американката испрати нова порака

erika hurt

Имено, фотографијата која ја објави полицијата, а на која се гледа како Ерика Хрт седи зад воланот без свест, со шприц во раката, ја обиколи планетата многу брзо и ги шокираше сите што ја видоа.

Кога ја затекнаа предозирана, полицајците во Индијана ја оживеаја со помош на две дози Наркен – назален спреј кој може да помогне кај случаите на предозирање со хероин или други опијати. Во тој момент, Ерика била на условна слобода, така што е осудена на 6-месечна програма за лекување на зависност под надзор.

Само два дена по стапувањето во програмата за одвикнување, ја видела својата фотографија на вестите, на телевизија. Сега три години подоцна, Ерика и нејзиниот тригодишен син повторно се заедно и слават 3 години како таа е „чиста“.

You guysssss!! 😭😭😭Today marks THREE ENTIRE YEARS of sobriety for me! Y'all already know, but allow me to recap. 3…

Gepostet von Erika Hurt am Dienstag, 22. Oktober 2019

„Се надевам дека луѓето видоа колку ниско сум паднала, и дека ако тие најдар надеж во тој стадиум кога се подолу од дното, знаат дека постои шанса, дека и тие може да се вратат, рече 28-годипшната мајка, сега со голема насмевка на лицето,

Прочитајте и...  Колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши?

Таа почнала да пие лекови против болки уште на 15 години, но кога се видела себеси на постер за предупредување на младите, почувствувала вистинско понижување. Сепак, тоа и ја натерало да си го смени животот.

„Мојата слика која ја објавија дефинитивно ми се вража во глава и ми помогна да сфатам што ќе ми се случи ако ми падне на памет да попуштам повторно“, рече таа.

А посебна мотивација пронајде во Паркер, нејзиниот син кој имал само 10 месеци кога полицијата ја најде предозирана.

„Не бевме никако поврзани, што беше многу тажно“, рече Ерика која била чиста во текот на бременоста со него, но почнала да се дрогира два месеци по породувањето.

„Бев само физички присутна, но не и ментално. Ги пропуштив сите негови први чекори, првата насмевка и се што беше важно“, рече таа.

Сега, вели, нераздвојни се и заедно го слават животот кој е пред нив. Во текот на Ноќта на вештерките заедно одеа по слатки низ соседството, па така тропнаа и на вратата од полициската станица од која се полицајците кои ја спасија тој кобен ден.

Прочитајте и...  Вечната љубов на Борисав Станковиќ

„Немате поим колку сум среќен кога гледам дека Ерика е добро и дека е заедно со нејзиниот прекрасен син“, рече Талент, полицаецот кој и го спаси животот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top