Ниту шпанска серенада, ниту италијанска опера. Чист македонски фолклор одекна на улиците на градот Измит во Турција.

Поголема група музичари со потекло од Македонија свиреа и пееја македонски песни на улиците, во знак на поддршка на повикот на властите да се остане дома како дел од превенцијата против ширењето на Ковид – 19.
Како што пренесе турската агенција „Анадолија“, групата музичари со саксофони, кларинети, тапани, труби и хармоники чекореа и пееја по улиците на Измит, повикувајќи ги граѓаните да останат дома додека тие се забавуваа и аплаудираа од своите тераси.
Градот Измит во областа Коџаели е познат по големиот број иселеници, меѓу кои и многумина од Македонија, пренесува „Анадолија“.
Извор: Канал5
